24фудбал

Потврдено: Скопје ќе биде домаќин на УЕФА Суперкупот во 2017 година!

Извршниот комитет на УЕФА на денешниот состанок во Прага ја донесе одлуката Скопје да биде домаќин на Суперкупот на УЕФА во 2017 година, историски спектакл на „Филип Втори“.

Македонија
Повеќе нема никакви дилеми, Скопје ќе биде градот домаќин на Суперкуот на Европа во 2017 година, оваа одлука денеска и официјално е донесена на состанокот на извршниот одбор на УЕФА во Прага.
 
УЕФА одлуката ќе ја соопшти утре на прес конференција, но министерот за спорт на Русија, Виталиј Мутко за медиумите го потврди решението од денешниот состанок.
 
Дуелот помеѓу победникот во Лигата на шампионите и побеникот во Лига Европа ќе биде најголемиот фудбалски спектакл кој се одржал во историјата на Македонија.