24фудбал

Официјално: Петр Чех потпиша за Арсенал

Петр Чех од Челзи се пресели во Арсенал, голманот потпиша долгорочен договор со клубот од Северен Лондон.

Англија
Арсенал потврди дека го ангажира искусниот голман од Челзи, Петр Чех кој треба да биде силно засилување за новата сезона.
 
„Петр Чех е голман кој долго време го ценам и многу сум среќен што одлучи да дојде кај нас. Тој е докажан голман, еден од најдобрите во светот, ќе биде големо засилување за нашиот состав" - вели Арсен Венгер.
 
Задоволство од потпишувањето на договорот има и кај Перт Чех кој започнува нова авантура.
 
„Многу сум возбуден што доаѓам во Арсенал, не можам да дочекам да почнам со подготовките. Ја имам истата мотивација и глад за успех како што сум ја имал на почетокот на кариерата. Кога Арсен Венгер ми зборуваше за неговите амбиции за овој клуб и дека ме гледа како дел од овој тим, одлуката беше јасна" - изјави Петр Чех.