24фудбал

Махмудов сепак потпиша за Левски

Македонскиот фудбалер, Денис Махмудов се предомисли и стави потпис на договор со бугарскиот тим, Левски од Софија.

Македонија
Денис Махмудов денеска потпиша две годишен договор со Левски.
 
„Денис Махмудов стави потпис на две годишен договор со Левски. Фудбалерот со македонско потекло денеска беше во просториите на клубот и ги договоривме сите детали" - стои во клупското соопштение.
 
Махмудов во Левски доаѓа од Цволе, а минатата сезона играше како позајмен во Спарта Ротердам за која постигна 14 голови на 30 натпревари. Македонскиот фудбалер е најавен како големо засилување, тој ќе го носи дресот со број седум.