24фудбал

Газдата на Валенсија ги купи имиџ правата на Роналдо

Бизнисменот од Сингапур, Питер Лим, преку својата компанија Mint Media ги купи имиџ правата на ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо

Шпанија

Португалецот верува дека со овој договор тој ќе ја зголеми својата популарност, особено во Азија.

„Возбуден сум што можам да го соопштам договорот за продажба на моите имиџ права на Mint Media, компанија која е во сопственоста на мојот добар пријател, бизнисменот од Сингапур, Питер Лим” – напиша CR7 на Фејсбук.

„Со овој потег брендот Кристијано Роналдо ќе го однесеме на едно ново ниво, особено во Азија”.

За договорот со ѕвездата на Реал Мадрид, Питер Лим рече: „Роналдо не е само голем фудбалер, тој исто така е многу популарна личност”.

„Убеден сум дека брендот Кристијано Роналдо ќе продолжи да расте”.

Според Forbes, Кристијано Роналдо е третиот најплатен спортист во светот.