24фудбал

Швајнштајгер: Сакам четврта титула со Баерн Минхен

Шпекулациите го поврзуваат со Манчестер јунајтед, но Бастијан Швајнштајгер сака да остане во Баерн Минхен.

Германија
Силни беа гласините кои го поврзуваа германскиот фудбалер со трансфер на Олд Трафорд, откако тој одигра само 20 натпревари во изминатата сезона.
 
Швајнштајгер сака четврта титула по ред во Бундеслигата со Баерн Минхен, нешто што не му успеално на ниту еден клуб до сега.
 
Швајни има уште една сезона од актуелниот договор со Баерн, иако сеуште не постигнал согласност за продолжување на соработката тој не размислува за напуштање на клубот ова лето.
 
„Три пати по ред сме шампиони на Германија, и мислам дека на никој не му успеало тоа да го направи четири пати по ред. Тоа е мотивација" - вели Швајнштајгер за Дие Велт.
 
„Се чувствувам добро и подготвен сум да играм и во наредните три сезони на највисоко ниво. Тоа е мојата цел".
 
„Исто така следната година имаме Европско првенство. Тоа е голема цел. Не само за мене туку и за целата германска нација. Германија работи на вакви големи цели".
 
Дали Швајнштајгер ќе остане во Баерн или ќе направи трансфер зависи и од плановите на Пеп Гвардиола за следната сезона.