24фудбал

Јувентус се распрашува за Ковачиќ

Медиумите од Италија пренесуваат дека лидерите на Јувентус работат на сензационален трансфер на Матео Ковачиќ од Интер

Италија

Тренерот на Јувентус, Масимо Алегри посакува ангажман на креативец од средниот ред, Оскар од Челзи и Иско од Реал Мадрид се имињата кои котираат високо на листата со желби.

Но според денешното издание на Tuttosport, Матео Ковачиќ од Интер е уште една опција за ’Старата Дама’.

Весникот пренесува дека лидерите на Јувентус пред неколку дена во Милано се сретнале со колегите од таборот на Интер, и одржале информативен состанок за репрезентативецот на Хрватска.

Подолго време се шпекулира дека ’Нероаѕурите’ ќе го продадат Матео Ковачиќ доколку добијат понуда вредна над 30 милиони евра.

Tuttosport исто така додава дека зделката воопшто нема да биде лесна поради големото ривалство помеѓу двата клуба.

Минатата година Интер и Јуве договорија трампа помеѓу Гуарин и Вучиниќ, но зделката пропадна во последен момент, откако Интер мораше да се повлече под огромниот притисок од навивачите.