24фудбал

Чичкото на Гонзалез почина, неговото срце не го издржа победничкиот гол против Бразил

Најзаслужниот фудбалер за големата победа на Парагвај над Бразил, Дерлис Гонзалез не можеше да се израдува на успехот, неговиот чичко починал од срцев удар веднаш по завршувањето на натпреварот.

Јужна Америка
Дерлис Гонзалез го постигна изедначувачкиот гол за Парагвај во четвртфиналето против Бразил а во пенал серијата последен шутираше, беше прецизен и славјето на Парагвајците започна.
 
Но веднаш по натпреварот, можеби по преголемата возбуда, починал неговиот чичко, Иразабал Мануел од срцев удар.
 
„Зошто денеска чичко? Зошто? Ме остави по срцев удар бидејќи ти дадов премногу задоволство и премногу среќа. Не можам да поверувам" - објави Гонзалез на својот твитер профил. 
 
Иразабал Мануел имал само 44 години, мечот помеѓу Парагвај и Бразил го гледал со пријатели. Починал веднаш по натпреварот.