24фудбал

Прстот во задникот на Кавани скапо го чинеше, Мајнц го продава Хара

Чилеанскиот фудбалер Гонзало Хара ги трпи последиците од вулгарниот гест кога најпрво го стави прстот во задникот на Кавани, а потоа симулираше удар од Уругваецот кој заработи исклучување.

Лига на Шампиони
Чилеанскиот фудбалер Гонзало Хара ги трпи последиците од вулгарниот гест кога најпрво го стави прстот во задникот на Кавани, а потоа симулираше удар од Уругваецот кој заработи исклучување.
 
Хара најпрво доби суспензија и нема да игра во полуфиналети и евентуално финалето во Копа Америка, а сега добива и отказ од Мајнц.
 
Спортскиот директор на Мајнц, Кристијан Хајдел е згрозен од неспортскиот гест на Хара. Фудбалерот ќе биде ставен на трансфер листата.
 
„Во Мајнц не толерираме такво однесување. Лично мене повеќе од неговиот вулгарен гест ме изнервира неговата сумулација дека доби удар од Кавани. Ги презирам играчите кои симулираат" - изјави Кристјан Хајдел.