24фудбал

Ренова домаќин во вторник, Шкендија во четврток

Познати се термините во кои Ренова и Шкендија ќе ги пречекаат своите противници во квалификациите од Лига Европа.

Лига Европа
Поради фактот што Арената Филип Втори е единствениот стадион на кој во Македонија можат да се играат европски натпреварувања, Ренова и Шкендија ќе бидат домаќини во Скопје.
 
Во првото квалификациско коло од Лига Европа и двете екипи се домаќините, па Ренова својот натпревар против Дачија ќе го одигра на 30. јуни во вторник, додека Шкендија на 2. јули во четврток ќе му биде домаќин на Абердин.
 
Натпреварот помеѓу Ренова и Дачија ќе започне во 18 часот, додека Шкендија и Абердин ќе почнат од 21:05. 
 
Третиот наш претставник во квалификациите од Лига Европа, Работнички во првото коло гостува кај Флора Талин.