24фудбал

Работнички, Шкендија и Ренова ги добија и можните противници за второто коло

Македонските екипи кои играат во квалификациите за Лига Европа, ги добија и можните противници за второто квалификациско коло.

Лига Европа
Доколку Работнички ја помине екипата на Флора, во второто квалификациско коло ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Јелгава и Литекс.
 
Шкендија најпрво ќе има тешка задача со Абердин, а доколку го помине шкотскиот тим ќе се сретне со Ријека.
 
Ренова ако биде подобра од Дачија ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Гленторан и Жилина.
 
Лига Европа второ квалификациско коло:
 
Јелгава/Литекс - Флора/Работнички
Ријека - Шкендија/Абердин
Гленторан/Жилина - Ренова/Дачија