24фудбал

Вардар против АПОЕЛ во квалификациите од Лигата на Шампионите

Вардар го доби противникот за второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, македонскиот шампион ќе игра против силниот кипарски тим, АПОЕЛ.

Лига на Шампиони
Вардар немаше среќа во денешната ждрепка, па за противник го доби силниот кипарски тим АПОЕЛ кој веќе неколку пати има учество во групната фаза од Лигата на шампионите.
 
Првиот натпревар се игра на 14. или 15. јули во Кипар, реваншот е седум дена подоцна на Арената Филип Втори во Скопје.