24фудбал

Ренова може да се падне со Вест Хем во квалификациите од Лига Европа

Познати се можните противници на мекдонските екипи во квалификациите од Лига Европа, меѓу нив најатрактивно е името на Вест Хем.

Лига Европа
На неколку часа пред ждрепката за Лига Европа познати се групите од кои можат да бидат извлечени противниците на Работнички, Ренова и Шкендија.
 
Ренова ќе добие некои од Вест Хем (Англија), Тбилиси (Грузија), Спартак Трнава (Словачка), Валета (Малта) и Дачија (Молдавија)
 
Работнички е единствениот македонски тим сместен во групата на носители и тој ќе добие некој од Каират (Казакстан), Флора (Естонија), Саксан (Молдавија), Спартакс (Летонија), С. Јулија (Андора)
 
Шкендија ќе чека некој од Ханарфјордур (Исланд), Диферданж (Луксембург), Розенборг (Норвешка), Шахтјор Солигорск (Белорусија), Абердин (Шкотска)