УЕФА именуваше 12 судии за ЕВРО 2012
На средбата на Комитетот за Судии при УЕФА во Нион, денеска беа именувани главните судиите кои ќе ја делат правдата на 31 натпревар на Европското Првенство што следната година ќе се одржи во Полска и Украина.
На листата се најде Хауард Веб од Англија, кој беше судија на дуелот помеѓу Шпанија и Холандија во финалето од Светското Првенство во 2010, како и Унгарецот Виктор Кашаи, кој ја делеше правдата на дуелот помеѓу Барселона и Манчестер Јунајтед во овогодинешното финале од Лигата на Шампионите.
Искусниот Германец, Волфганг Штарк исто така ќе биде дел од Европското Првенство, како и Никола Рицоли од Италија.
Главните судии на ЕВРО 2012 се:
Џунејт Чакир (Турција)
Јонас Ериксон (Шведска)
Виктор Кашаи (Унгарија)
Бјорн Куиперс (Холандија)
Стефан Ланој (Франција)
Педро Проенса (Португалија)
Никола Рицоли (Италија)
Дамир Скомина (Словенија)
Волфганг Штарк (Германија)
Крег Томсон (Шкотска)
Карлос Веласко Карбаљо (Шпанија)
Хауард Веб (Англија)
Европската куќа на фудбалот додатно ќе ги соопшти целокупните тимови на судиите, а во овој момент се соопштени четворица судии кои ќе ја извршуваат само улогата на четврт судија: Марцин Борски (Полска), Том Харалд Хаген (Норвешка), Павел Краловец (Чешка), Виктор Швецов (Украина).
За првпат во историјата на Европските Првенства, на првенството што ќе се одржи во Полска и Украина, главните судии ќе можат да сметаат и на помошта од двајца додатни асистенти кои ќе стојат зад головите.
