24фудбал

Официјално: Манчестер јунајтед го комплетираше трансферот на Депај

Манчестер јунајтед го комплетираше трансферот на Мемфис Депај од ПСВ вреден 31 милиони фунти.

Англија
Трансферот кој претходно беше најавен, денеска е комплетиран и официјално потврден од Манчестер јунајтед.
 
21-годишниот фудбалер потпиша четири годишен договор со можност за продолжување на уште една година.
 
„Сонот стана јаве за мене, ова е ново поглавје во мојот живот. Ќе играм во најдобриот клуб во светот и ќе имам шанса да работам со човекот кој мислам дека е најдобриот менаџер во светот, Луи ван Гал. Имам голема верба во моите квалитети и ќе работам напорно за да ги остварам моите соништа" - изјави Депај.