24фудбал

Манчестер јунајтед го договорил трансферот на Фирмино?

Според ESPN Brasil, Манчестер јунајтед е на чекор до потписот на Роберто Фирмино од Хофенхајм

Англија

23 годишниот репрезентативец на ’Кариоките’ имаше уште една добра сезона во дрресот на Хофенхајм во Бундеслигата, во која запиша 10 погодоци и 12 асистенции зад свето име.

Скаути на голем број клубови ги следат игрите на офанзивниот фудбалер, а според последните информации, Роберто Фирмино кариерата ќе ја продолжи на Олд Трафорд.

Според ESPN Brasil, Манчестер јунајтед и Хофенхајм постигнале договор за трансфер вреден околу 18 милиони евра.

Фудбалерот ќе ги помине лекарските прегледи во Бразил, а зделката ќе се официјализира по завршувањето на Копа Америка.

Медиумите од Германија исто така пишуваат дека Роберто Фирмино ќе замине од Хофенхајм.

Но според овие извештаи, обесштетувањето за играчот ќе биде помеѓу 25 и 30 милиони евра.