24фудбал

12 кобни минути за македонските надежи, убедлив пораз од Исланд

Македонската фудбалска репрезентација со големи очекувања отпатува во Исланд, но се враќа со полна мрежа, убедлив пораз од 3-0 на стартот од квалификациите за Европското првенство.

Македонија
Избраниците на Боби Милевски имаа лоша премиера во квалификациите, убедливо загубија во својот прв натпревар. Македонската млада селекција со позитивна енергија и големи амбиции тргна во Исланд, но очекувањата не се остварија.
 
На домашната репрезентација и беа потребни само 12 минути да ја наполнат мрежата на Шишковски.
 
Македонија играше добро во поголемиот дел од натпреварот, го диктиравме темпото и креиравме неколку шанси кои не успеавме да ги искористиме по што на ред дојдоа кобните 12 минути.
 
Резултатот беше отворен во 55. минута со гол на Омарсон, шест минути подоцна Гунлаугсон зголемина 2-0, а истиот играч во 67. го постави конечниот резултат.
 
За Македонија на овој натпревар настапија: Шишковски, Ростовски, Зајков, Велковски, Демири, Мустафов, Николов, Давид Бабунски, Радески, Пивковски (Дориан Бабунски) Нафиу (Асани)