24фудбал

Милан создава убиствен напаѓачки тандем, Џексон Мартинез и Ибрахимовиќ

Милан се сложил да ја плати откупната клаузула за Џексон Мартинез, остануваат уште неколку детали за трансферот да се реализира, раководството на клубот работи и на ангажман на Златан Ибрахимовиќ.

Италија
Силвио Берлускони е цврсто решен на навивачите да им подари нов силен Милан. Адриано Галијани е на терен и работи на донесување на големи засилувања со кои росоњерите повторно ќе бидат конкуренти  за Скудетото.
 
Последните информации велат дека Галијани последните неколку дена ги поминал во Порто каде што го договарал трансферот на Џексон Мартинез.
 
Клубот е подготвен да ја плати откупната клаузула за Мартинез која изнесува 35 милиони евра. Според регулативите на ФИФА, Милан сумата ќе треба да ја плати за 60 дена, па Галијани се обидува да издејствува договор со Порто според кој ќе го платат фудбалерот на неколку рати.
 
Дел од италијанските медиуми пишуваат дека Милан е блиску и до договор со самиот Мартинез за личните услови на фудбалерот.
 
Галијани паралелно работи и на враќање на Златан Ибрахимовиќ. Шведскиот фудбалер има уште една година од актуелниот договор со ПСЖ. Милан се надева дека со помош на агентот Мино Раиола ќе успеа да го реализира и овој трансфер.
 
Доколку Милан успее да ги ангажира Џексон Мартинез и Златан Ибрахимовиќ, ќе создаде убиствен напаѓачки тандем за наредната сезона.