24фудбал

Официјално: Дани Алвеш останува во Барселона!

Барселона потврди дека постигнале договор со Дани Алвеш за продолжување на соработката, бразилскиот фудбалер останува на Камп Ноу.

Шпанија
Крај на дилемите за иднината на Дани Алвеш, фудбалерот останува во Барселона. Каталонскиот клуб соопшти добри вести за своите фанови.
 
„Барселона може да соопшти дека Дани Алвеш ја прифати понудата за нов договор според кој во клубот ќе остане уште две дополнителни години, до 30. јуни 2017, со опција за уште една, трета сезона" - стои во соопштението на Барселона.
 
Неизвесна беше иднината на Дани Алвеш откако фудбалерот најави заминување од Барселона и потрага по нови предизвици, но на последните состаноци на раководството дошло до пресврт во преговорите и на задоволство на фановите конечната одлука на Бразилецот е да остане во клубот.