24фудбал

Барселона се врати на Европскиот трон!

Барселона слави во Берлин, каталонскиот тим со 3-1 го победи Јувентус во финалето и седна на тронот на Европа, тројна круна за тимот на Луис Енрике.

Лига на Шампиони
Барселона се враќа на највисоката клупска точка на Европа откако со 3-1 го победи Јувентус во големото финале во Берлин.
 
Италијанскиот тим во најголемиот дел беше рамноправен противник, имаше и периоди на доминација, но Барселона ги искористи своите шанси и на крајот заслужено слави.
 
Резултатот беше отворен уште во 4. минута кога по асистенција од Иниеста, Ракитиќ ја затресе мрежата на Буфон, во тие моменти се чинеше дека Барселона лесно ќе дојде до триумфот.
 
Но Јувентус возврати, создаде неколку шанси, а по десет минути игра во второто полувреме дојде до изедначување со гол на Мората.
 
Во 68. минута Суарез начека една одбиена топка и го врати водството на Барселона од 2-1, а пред последниот свиреж на судијата по една брза контра Нејмар ги постави конечните 3-1.
 
Луис Енрике во својата прва сезона како тренер на Барселона на тимот му ја носи тројната круна.
 


Champions League Final - All Goals | Juventus 1... by EuropeanLeagueLiveGoal