24фудбал

Јуве потврди, Кјелини нема да игра против Барса!

Поради повреда на листот на левата нога, Џорџо Кјелини ќе го пропушти финалето од Лигата на Шампионите

Лига на Шампиони

Лоши вести за Масимо Алегри и шампионот на Италија во пресрет на дуелот со Барселона.

Најдобриот дефанзивец на ’Старата Дама’, Џорџо Кјелини ќе го пропушти финалето во Берлин поради повреда на листот на левата нога.

Репрезентативецот на Италија на вчерашниот тренинг се пожали на болка а денешните детелни тестови ги потврдија најпесимистичките прогнози.

„Џорџо Кјелини денеска направи серија тестови откако вчера се пожали на болка” – гласеше известувањето на Јуве.

„Тестовите покажаа исекотина од прв степен на листот на левата нога, па дефанзивецот ќе го пропушти дуелот со Барселона”.

Андреа Барѕаљи, кој денеска одново тренираше со полна пареа, најверојатно ќе биде замената за Џорџо Кјелини против Барса.