24фудбал

Иниеста: Не ни помислувам да го пропуштам финалето

Андрес Иниеста вели дека повредата нема да го спречи неговиот настап во финалето од Лигата на шампионите против Јувентус.

Лига на Шампиони
Настапот на Иниеста во сабота е под знак прашалник, но фудбалерот вели дека ништо не може да го спречи да се појави во финалето.
 
„Имам мала болка и ништо повеќе. Не ми паѓа на памет дека нема да играм во сабота. Ќе бидам добро, сакам да настапам и да му помогнам на мојот тим да ја освои Лигата на шампионите" - вели Иниеста.
 
„Играме против многу тежок противник, но ние сме во добра форма".
 
„Сите знаат кој е Пирло, тој е играч кој е пример за сите во светот".