24фудбал

Друловиќ: Се надевам дека Пандев од септември повторно ќе игра за Македонија

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Љубинко Друловиќ се надева дека ќе успее да го убеди Горан Пандев повторно да го облече дресот на Македонија.

Македонија
Друловиќ разговарал со Пандев и изарази надеж дека кога тој ќе се врати во натпреварувачка форма, ќе се врати и во македонската репрезентација.
 
„Разговарав со Пандев за враќање во селекцијата. Горан имаше тешка сезона во Турција, во овој момент не е подготвен да се врати во националниот тим. Ќе разговараме повторно кога ќе започне новата сезона и кога ќе се врати во Италија во Џенова и се надевам дека од септември повторно ќе го имаме на располагање, Пандев ни значи многу и неговото присуство би било од огромно значење" - изјави Друловиќ на денешната прес конференција.