24фудбал

Бабел го трола Бенитез: Рафа ќе го направи Роналдо најдобар дефанзивец

Поранешниот играч на Ливерпул, Рајан Бабел не е импресиниран од намерата на Реал Мадрид да го именува Рафа Бенитез за нов тренер

Шпанија

Шпанецот се најавува како наследник на Карло Анчелоти на тренерското столче на Реал Мадрид, а поголемиот дел од фановите на ’Кралевите’ не го поддржуваат ваквиот потег.

Тие сега добија сојузник во името на Рајан Бабал, Холанѓанецот вели дека ако Рафа Бенитез го превзеде кормилото на Реал, тогаш Кристијано Роналдо ќе стане одличен дефанзивец.

„Бенитез на пат за Реал? Ќе го направи Роналдо одличен дефанзивец...”- напиша Бабел на Твитер.

Неговиот пост за кратко време се рашири на социјалните мрежи, па Бабел се обиде да го појасни своето мислење.

„Не велам дека е лош менаџер... Во суштина тој е еден од најдобрите кога е во прашање тактичката подготвеност... Зборувам за личноста зад затворени врати”.

Рафа Бенитез го донесе Рајан Бабел на Енфилд во 2007, Холанѓанецот беше најавуван како следната голема ѕвезда но не ги оправда големите очекувања и за кратко време ја загуби довербата на стратегот.