24фудбал

Платини му го сврте грбот на пријателот Блатер

Првиот човек на УЕФА, Мишел Платини откри дека побарал од Сеп Блатер да се повлече од функцијата претседател на ФИФА, и пренесе дека утре ќе го поддржи Принцот Али

Останато

Во пресрет на изборот на новиот претседател на ФИФА, светската куќа на фудбалот ја тресе голем скандал откако вчера во Швајцарија беа уапсени неколку раководни лица под сомнение дека проневериле околу 100 милиони долари.

Актуелниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер во пресрет на изборот важеше за голем фаворит за нов мандат, но полека ја губи поддршката.

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини попладнево соопшти дека утре ќе го пддржи Принцот Али и ги повика сите земји од Европа да го сторат тоа.

„Го погледнав Сеп во очи и му кажав да се повлече” – рече Платини на прес конференција.

„Но ми кажа дека е доцна, дека не може да го стори тоа бидејќи конгресот почнува денеска”.

„Му пренесов дека мора да се повлече бидејќи на ФИФА и носи лош имиџ”.

„Тешко е на пријател да му кажете дека мора да си оди, но понекогаш и тоа мора да се случи. Го кажувам ова со голема тага, со солзи во очите”.

„Се случија премногу скандали”.

„Утре, кога ќе биде гласањето, поголемиот дел од земјите од Европа ќе гласаат за Принцот Али”.

„Луѓето повеќе не го сакаат Сеп Блатер, а и јас не го сакам”.

„Постојано велев дека сакам силна ФИФА и ФИФА повеќе не е силна”.

„Ќе се обидам да ги убедам сите земји од Европа да го поддржат Принцот Али”.