24фудбал

Милан на 3. јуни ќе го дознае одговорот на Анчелоти

Карло Анчелоти во среда ќе соопшти дали се враќа на Сан Сиро, во моментов шансите се 50/50

Италија

Генералниот извршен директор на Милан, Адриано Галијани денеска одново се сретна со Карло Анчелоти, но новиот состанок не донесе конечна одлука за тоа дали тренерот ќе го превземе кормилото на ’Росоњерите’.

„Ќе го соопштам мојот одговор во среда” – рече Карло Анчелоти по состанокот. „Дали ќе направам едногодишна пауза? Ќе видиме...”.

Адриано Галијани, кој по неколкудневниот престој во Мадрид, попладнево се враќа во Милано рече: „Карло ќе ни даде конечен одговор на 3. јуни”.

„Според него, шансите се 50/50, тоа се зборови на Анчелоти. Но ова не значи ништо, следната недела или ќе бидат 100% или 0”.

„Ајде да почекаме и да видиме што ќе одлучи Анчелоти, сега пред нас е натпревар од првенството”.