Категорија: Англија 28.05.2015 12:59
Чилеанецот изминатото лето се пресели на Емирати Стадионот и за кратко време стана миленик на публиката.
Алекс Санчез со својата неуморливост и упорност ги освои срцата на фановите на Арсенал.
Во разговор со BT Sport, офанзивниот фудбалер сега открива дека мрази кога му ја зимаат топката, па затоа ги брка противничките играчи.
„Не приметувам дека мојата желба да ја вратам топката ги возбудува фановите” – вели Санчез.
„Секогаш кога некој ќе ми ја одземе топката, се чувствувам како мало дете кое останало без омилената играчка”.
„Кога некој ќе ми ја земе топката, јас само сакам да ја вратам. Тоа можеби ги мотивира моите согирачи, но не мислам на ова кога сум долу на теренот”.