24фудбал

Реал: Не сме доставиле понуда за Погба

’Кралевите’ ги демантираат написите на La Stampa и негираат дека преговараат за ангажман на Пол Погба

Шпанија

Торинскиот весник La Stampa објави дека Реал Мадрид се обидува да стигне до потписот на Пол Погба, и на играчот веќе му понудил пет годишен договор и плата од 10 милиони евра по сезона.

Но Реал Мадрид експресно ја демантираше оваа сторија, ’Кралевите’ со соопштение на својата веб страна негираат дека се во преговори за ангажман на репрезентативецот на ’Триколорите’.

„Околу написите на италијанскиот весник La Stampa за наводната понуда на Реал Мадрид за играчот Пол Погба, клубот сака да го потенцира следново: Реал Мадрид не остварил контакт ниту со Јувентус ниту пак со агентот на играчот” – гласи известувањето.

„Па објавените стории се апсолутно неточни”.

За Пол Погба интерес пројавуваат неколку клубови, но се верува дека играчот преферира трансфер во Барселона или Реал Мадрид.