24фудбал

Друловиќ го објави списокот за дуелот со Словачка

Македонскиот селектор, Љубинко Друловиќ го соопшти составот на фудбалери на кои ќе смета за квалификацискиот дуел против Словачка.

Македонија
На 14. јуни Македонија и гостува на Словачка во квалификациски натпревар за Европското првенство во Франција 2016.
 
Љубинко Друловиќ кој на тој натпревар ќе дебитира како селектор на репрезентацијата, ги повика следниве фудбалери:
 
Голмани: Томе Пачовски (Вардар), Филип Гачевски (Брегалница), Столе Димитриевски (Гранада 2)
 
Одбрана: Ванче Шиков (Австрија Виена), Владимир Димитровски (Керкира), Даниел Мојсов (Лирс), Александар Тодоровски (Заглебие), Кире Ристевски (Тирана), Стефан Ристовски (Латина), Езџан Алиоски (Шафхаузен), Жута Леонард (Хакен)
 
Среден ред: Аријан Адеми (Динамо Загреб), Стефан Спировски (Вардар), Остоја Степјановиќ (Висла Краков), Душко Трајчевски (Работнички), Александар Трајковски (Зулте Варегем), Бесарт Абдурахими (Локерен), Ферхан Хасани (Брондби), Муарем Муарем (Карабах), Агим Ибраими (Марибор)
 
Напад: Мирко Ивановски (Видеотон), Крсте Велкоски (Сараево), Јован Костовски (Леувен).