24фудбал

Де Брујн: Нема да се вратам во Челзи додека Мурињо е тренер

Квеин де Брујн вели дека не би го облекол повторно дресот на Челзи додека Жозе Мурињо е на кормилото на сините.

Англија
Жозе Мурињо не беше задоволен од залагањето на Кевин де Брујн и за 18 милиони фунти го продаде на Волфсбург.
 
Де Брујн сега е еден од најдобрите играчи во германскиот шампионат и за него се интересираа најголемите клубови. Белгискиот фудбалер вели дека нема да се врати во Челзи додека Мурињо е тренер на тимот.
 
„Да бидам искрен, не би се вратил во Челзи додека Мурињо е тренер" - изјави Де Брујн за Билд.
 
„Бундеслигата ми одговара, но не се плашам да се вратам во Англија или да играм во Шпанија. Верувам дека можам да бидам успешен и таму".
 
„Доколку Баерн Минхен се интересира за мене, треба да разговара со Волфсбург, тие одлучуваат за мојата иднина".