24фудбал

Дибала на лекарски прегледи со Јувентус

Пауло Дибала е чекор поблиску до трансфер во Јувентус, играчот денеска ќе ги помине редовните лекарски прегледи

Италија

Аргентинецот вчера попладне пристигна во Торино за да го комплетира трансферот вреден помеѓу 30 и 40 милиони евра.

Медиумите од Италија пренесуваат дека утрово во Клиниката Форнака, Пауло Дибала пристигнал во придружба на тим менаџерот на ’Старата Дама’, Матео Фабрис за првиот дел од редовните лекарски прегледи

Подоцна во текот на денот, врз играчот ќе бидат извршени дополнителни тестови во Институтот за Спортска Медицина.

По комплетирањето на медицинките тестови, Пауло Дибала ќе стави потпис на пет годишен договор.

Извештаите велат дека 21 годишниот напаѓач ќе заработува 2,2 милиони евра по сезона.