24фудбал

Мурињо: Ќе пристигнат две-три засилувања

Жозе Мурињо очекува на Стемфорд Бриџ да пристигнат две-три нови имиња, но вели дека приоритет на ’Сините’ е да ги задржат играчите кои веќе ги имаат

Англија

Челзи минатото лето одлично си ја заврши работата кога е во прашање трансфер пазарот, во западен Лондон пристигнаа Диего Коста и Сеск Фабрегас кои имаа голем придонес за освојувње на титулата во Премиерлигата.

Жозе Мурињо најавува ангажман на две или три нови засилувања и ова лето, но ’Специјалниот’ потенцира дека приоритет на Челзи сега ќе биде да го задржи јадрото на тимот.

„Секогаш пристигнуваат две или три нови имиња, тоа е нормално” – рече Португалецот од Тајланд, каде ’Сините’ ќе одиграат пријателски натпревар.

„Но поважни ми се моите играчи, играчите што сакам да ги задржам. Минатата сезона имав играчи кои сакав да ги продадам”.

„Најважна работа е да не останете без некои клучни играчи”.

„Како можам да најдам подобар напаѓач од Диего Коста? Подобар фудбалер од средниот ред од Немања Матиќ? Подобар десен бек од Бранислав Ивановиќ?”

„Имавме многу добар состав оваа сезона. Немавме многу повреди. Тројца играчи настапија на 38 натпревари во Премиерлигата”.

Запрашан дали фановите можат да очекуваат пристигнување на големо име, Мурињо во свој стил одговори: „Доколку пристигнете во шампионски тим, не сте големо име”,

„Големи имиња се шампионите”.