24фудбал

Историски успех, Севиља по четврти пат го крена трофејот! (ВИДЕО)

Севиља со 3-2 го победи Днипро во финалето од Лига Европа и стана единствениот клуб кој по четири пати се радувал на овој трофеј, тимот од Шпанија обезбеди место и во Лигата на шампионите.

Лига Европа
Севиља и Днипро одиграа натпревар со пет погодоци кој заслужено го доби шпанскиот тим со 2-1.
 
Големото изненадување во Лига Европа, Днипрво одлично го започна натпреварот и со гол на Калиниќ во 7. минута поведе со 1-0.
 
Но радоста на украинците не траеше долго, во 28. минута Кришовјак изедначи на 1-1, а само три минути подоцна Бака реализираше за комплетен пресврт и водство од 2-1.
 
Пред самиот крај на натпреварот Днипро со гол на Ротан дојде до изедначување и го врати дуелот од почеток.
 
Сепак херој на Андалузијците беше Бака кој во 73. минута со својот втор гол на натпреварот му донесе голема победа на својот тим.
 
Ова беше историски четврти трофеј за Севиља во второто по ранг клупско натпреварување на УЕФА, со оваа победа изборија и пласман во Лигата на шампионите па Шпанија идната сезона ќе има дури пет претставници.
 


HD Highlights -- Dnipro Dnipropetrovsk 2:3... by OfficialGoals