24фудбал

Венгер: Ми се допаѓа Видал

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер признава дека е фан на играта на Артуро Видал, но вели дека сега не е право време да говори за трансфери

Шпанија

Минатата недела се појавија стории кои велеа дека ’Топџиите’ веќе го договориле трансферот на Артуро Видал од Јувентус, кој по крајот на Копа Америка ќе се пресели на Емирати Стадионот во зделка вредна околу 25 милиони фунти.

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер признава дека е голем фан на играта на Чилеанецот, но во исто време вели дека во моментов приоритет е финалето од ФА Купот а не трансферите.

„Ми се допаѓа Артуро Видал” – вели Французинот. „Но во моментов не работиме на трансфери”.

Се шпекулира дека Арсен Венгер се обидува да го ангажира и својот сонародник, Карим Бензема од Реал Мадрид.

„Ќе работиме на засилување на составот по финалето од ФА Купот”.