24фудбал

Галијани: Не си одам од Мадрид без ДА од Анчелоти

Генералниот извршен директор на Милан, Адриано Галијани вели дека нема да се откаже од намерата да го убеди Карло Анчелоти да се врати на Сан Сиро

Италија

55 годишниот стратег е прв избор на Силвио Берлускони за наследник на Пипо Инзаги на тренерското столче на Милан.

Карло Анчелоти планира да направи пауза од една година поради здравствени причини, но ’Росоњерите’ не се откажуваат од намерата да го убедат тренерот да се врати на Сан Сиро.

Адриано Галијани во понеделникот имаше средба со Карло Анчелоти и неговиот агент, а тројцата одново имаа состанок вчера.

Генералниот извршен директор на Милан најавува продолжување на разговорите и очекува позитивен одговор.

„Во Мадрид сум за да го вратам Анчелоти во Милан” – вели Галијани. „Нема да се откажам”.

„Му кажав дека мора да каже ДА. Ќе имаме нова средба во среда”.

„Не знам што ќе се случи. Тука сум за Анчелоти да се врати во Милан, и утре ќе продолжам со притисокот”.

„Преговорите со Анчелоти секогаш се добри, тој е дел од нашето семејство. Освоивме 11 трофеи заедно и тој е дел од нашата историја”.

„Го замолив уште сега да ми даде позитивен одговор или во спротивно ќе ме принуди да одам со него во Ванкувер (каде Анчелоти треба во следните денови да замине на операција)!”