24фудбал

Баерн се приклучува во трката за Ди Марија

ПСЖ добива сериозна конкуренција за потписот на Анхел Ди Марија, медиумите од Германија пренесуваат дека и Баерн Минхен го сака Аргентинецот

Германија

’Баварците’ се во потрага на нов офанзивен фудбалер и долгорочна замена за Франк Рибери и Арјен Робен.

Рахим Стерлинг од Ливерпул подолго време е на листата со желби, а според медиумите од Германија, на агендата на Баерн има ново име.

Според Kicker, Анхел Ди Марија од Манчестер јунајтед е новата желба на клубот од Алинац Арена.

Bild исто така пишува за интересот на Баерн за Аргентинецот, весникот пренесува дека бордот на директори веќе дискутирал на оваа тема, а и самиот Пеп Гвардиола дал зелено светло.

’Баварците’ се насочиле кон Аргентинецот откако дознале дека Рахим Стерлинг сака да остане во Премиерлигата.