24фудбал

Гаитан во Манчестер јунајтед за 30€ милиони

Според медиумите од Португалија, ’Црвените Ѓаволи’ и Бенфика постигнале договор за трансфер на Нико Гаитан на Олд Трафорд

Англија

Аргентинецот подолго време е на радарот на Манчестер јунајтед и во минатото често се поврзуваше со преселба во најтрофејниот клуб од Англија.

Денешното издание на A Bola пренесува дека долго најавуваниот трансфер конечно ќе се реализира ова лето откако двата клуба си подале рака за зделка вредна 30 милиони евра.

Весникот пишува дека трансферот официјално ќе биде потврден кон крајот на оваа недела, односно по финалето од португалскиот Лига Куп.