24фудбал

Севиља може да испише историја

Тренерот на Севиља, Унаи Емери е свесен дека со победа на утрешниот натпревар неговиот тим ќе постигне успех кој на никој не му успеал до сега, но знае дека Днипро нема да биде лесен противник.

Лига Европа
Доколку го добие утрешното финале, Севиља ќе стане првиот тим кој по четврти пат ќе го освои второто по ранг клупско натпреварување на УЕФА (порано Куп на УЕФА, сега Лига Европа), по три круни имаат и Јувентус, Интер и Ливерпул.
 
Сепак, тренерот на Севиља, Унаи Емери знае дека тоа нема да биде нималку лесна задача.
 
„Ќе биде тесно, мораме да бидеме максимално фокусирани во текот на целиот натпревар. Днипро е многу добро организиран клуб со солидна дефанзива. Играат висок пресинг и тешко е да ја држите топката. Тоа една од клучните алки за нивниот успех до сега" - вели Емери.
 
„Немам кристална топка да знам што ќе се случува утре. Мојот коментар врз база на тоа што се случуваше до сега е дека мечот ќе биде многу тежок. Многу тимови до сега важеа како фаворити против Днипро, но не поминаа добро".
 
„Можност и одговорност е да го освоиме овој трофеј и да испишеме историја. Пласман во Лигата на шампионите е дополнителна мотивација која ја подобри Лига Европа".