24фудбал

ФФМ донираше опрема за 114 екипи во младинските конкуренции

Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (спортска опрема и фудбалски топки) на екипите од Супер и Првата лига (пионери, помлади пионери, кадетска и младинска конкуренција).

Македонија
Во просториите на ФФМ денеска беше поделена донации на екипи кои се натпреваруваат во младинските лиги.
 
Секој од 114. клубови кои примија донација имаат по 20-ет комплета спортска опрема (дресови, шорцеви, чорапи) и по 15. ЈАКО фудбалски топки.
 
„Ние го реализираме тоа што го прифативме како наша обврска. Развојот на младинскиот фудбал е приоритет и ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои посветуваат големо внимание на фудбалската иднина. Доколку сегашноста им припаѓа на денешната генерација фудбалери, нема дилема дека нашиот влог и заложба ќе се движат во насока на развојот на фудбалот од најмалите категории, се до почетокот на професионалнта кариера" - изјави Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.