24фудбал

Азар сака уште една декада во Челзи

Еден Азар вели дека не гледа причина зошто да замине од Стемфорд Бриџ и може да се види себеси во дресот на ’Сините’ и во следните десет години

Англија

Репрезентативецот на Белгија е најдобриот играч на Челзи оваа сезона, па неговото име одново е дел од трансфер шпекулациите на медиумите.

Се говори дека Баерн Минхен го посакува Еден Азар и ’Баварците’ се спремни да платат фантастични 100 милиони евра.

Сепак играчот не е заинтересиран за промени, во разговор со London Evening Standard Еден Азар вели дека не гледа причина зошто да замине од Стемфорд Бриџ и може да се види себеси во дресот на ’Сините’ и во следните десет години.

Запрашан дали би можел да настапува во Челзи уште една декада, офанзивниот фудбалер вели: „Зошто да ја променам средината? Доколку сте среќен и работите се одвиваат добро, нема потреба за промена”.

„Очигледно, овие работи не зависат само од мене, но кога уживата во фудбалот и освојувате трофеи, би било глупаво да барате промена”.

Еден Азар оваа сезона е фудбалерот врз кого беа направени најголем број на прекршоци во Премиерлигата.

Жозе Мурињо во неколку наврати побара од судиите заштита за својата ѕвезда, и обвини дека грубите прекршоци можат да придонесат играчот да замине од Англија.

„Можеби ми е потребна малку поголема заштита, но токму ова го прави фудбалот во Англија специјален, различен од другите првенства”.

„Овде луѓето сакаат дуел игра. Ќе продолжам да играм во ист стил. Ќе се обидам да ги забавувам фановите, да креирам шанси, да асистирам и да постигнувам голови”.

„Можам да издржам удари како боксер”.