24фудбал

Кедира на лекарски прегледи со Јуве

Медиумите од Италија пренесуваат дека Сами Кедира денеска или утре ќе пристигне во Торино на лекарски прегледи со ’Старата Дама’

Италија

28 годишниот репрезентативец на ’Панцирите’ е многу блиску до потпис со новиот шампион на Италија и финалистот во Лигата на Шампионите, Јувентус.

Последните инвормации велат дека Сами Кедира денеска или утре треба да пристигне во Торино на лекарски прегледи со ’Старата Дама’.

Преговорите се во завршна фаза, постигнат е согласност за тригодишен договор и плата од 4 милиони евра по сезона, и треба да се испеглаат само ситните детали.

Германецот во Јувентус ќе пристигне како слободен агент откако ќе му истече договорот со Реал Мадрид на 30. јуни.