24фудбал

ПСЖ сака да го позајми Чави и да ги изигра правилата за финансиски ферплеј

Според француските медиуми, ПСЖ сака да го донесе Чави на едногодишна позајмица од катарскиот клуб Ал Сад.

Франција
Парискиот весник, Ла Паризиен, пишува дека ПСЖ сака да го донесе Чави на едногодишна позајмица од катарскиот клуб Ал Сад.
 
Чави потврди дека заминува од Барселона и дека се сели во Катар каде што ќе игра за Ал Сад.
 
Сопственикот на Ал Сад е брат на претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, па медиумите сметаат дека со позајмица на Чави, францускиот клуб сака да ги изигра правилата за финансиски фер плеј, слично како што тоа го направи Манчестер Сити со позајмицата на Френк Лампард од Њујорк Сити.
 
ПСЖ би го ангажирал Чави, а најголемиот дел од неговата плата би бил на товар на Ал Сад.