24фудбал

Дармијан: Сонувам за трансфер во Барселона

Бекот на Торино, Матео Дармијан вели дека е поласкан од интересот на Милан, но тој сонува за трансфер во Барселона.

Шпанија
Италијанскиот репрезентативец е еден од фудбалерите кои се поврзуваат со трансфер во Барселона, каталонскиот клуб во него гледа замена за Дани Алвеш.
 
Интерес за Дармијан има и од Милан, но тој би ја одбрал Барса.
 
„Убаво е да слушнете дека вашето име се поврзува со Милан" - изјави Дармијан во интервју за Калчомеркато.
 
„Во исто време, за мене е сон што читам дека Барселона ме следи. Ќе видиме што ќе се случи летото".