24фудбал

Берлускони не се откажува од Анчелоти

Сопственикот на Милан, Силвио Берлускони е оптимист околу можноста Карло Анчелоти да седне на тренерското столче на Сан Сиро

Италија

’Росоњерите’ планираат да се разделат со Пипо Инзаги по крајот на сезоната, и нивен прв избор е Карло Анчелоти.

55 годишниот стратег, кој вчера доби отказ од Реал Мадрид, има мали проблеми со здравјето па планира да одмори една година и да ги наполни батериите.

Сепак, Силвио Берлускони не се откажува од идеата Карло Анчелоти да се врати на Сан Сиро и верува дека ќе го убедат тренерот со проектот што го имаат.

„Во контакт сме со Карло Анчелоти” – рече сопственикот на Милан во разговор со Radio Capital.

„Се надеваме дека ќе се врати во Милан. Оптимист сум, а истото важи и за Адриано Галијани”.

Адриано Галијани вчера во Мадрид се сретна со Карло Анчелоти и агентот на стратегот, а медиумите од Италија пренесуваат дека тројцата денеска одново ќе имаат состанок.

Се говори дека Карло Анчелоти ќе донесе одлука до петок, кога треба да замине на операција во Канада.

Како алтернативи Милан ги има идентификувано Унаи Емери од Севиља, Винченцо Монтела од Фиорентина и селекторот на Италија, Антонио Конте.