24фудбал

Дрогба: Нема да играм за друг англиски клуб

Напаѓачот на Челзи, Дидие Дрогба вели дека нема да игра за друг англиски клуб, според англиските медиуми тој најверојатно кариерата ќе ја заврши во МЛС.

Англија
37-годишниот Дрогба ова лето ќе го напушти Челзи, но и Премиерлигата.
 
„Има неколку навистина фантастични тимови во Премиерлигата, но го сакам овој клуб и тоа не можам да го поделам со друг англиски тим" - изјави Дрогба за Телеграф.
 
Според англиските медиуми Дрогба како и Лампард и Џерард, следната сезона ќе играат во МЛС.