24фудбал

Гвардиола: Швајни е дел од плановите за следната сезона

Тренерот на Баерн, Пеп Гвардиола вели дека Бастијан Швајнштајгер е дел од неговите планови за следната сезона, но додава дека самиот играч одлучува за иднината

Германија

Се говори дека 30 годишниот Германец е на листата со желби на Луј ван Гал и Манчестер Јунајтед работи на негов трансфер ова лето.

Пеп Гвардиола денеска порача дека играчот е дел од неговите планови за следната сезона, но во исто време додава дека Бастијан Швајнштајгер, кој е под договор до 2016, самиот одлучува за иднината.

„Мојот план за следната сезона е јасен, Бастијан останува тука” – рече тренерот на Баерн Минхен на денешната прес конференција.

„Но не можам јас да одлучам за Басти. Тој самиот треба да одлучи, а не Пеп или Карл Хајнц Румениге”.

„Тој е голема легенда на клубот, и доколку сака да остане уште две, три или четири години, ќе го добие тоа”.