24фудбал

Фановите ќе останат разочарани, Мурињо нема да го фрли медалот во публика

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо вели дека ќе го задржи победничкиот медал и ќе му го подари на неговиот 15 годишен син

Англија

Кога во 2006 ’Сините’ ја освоија титулата од Премиерлигата, Жозе Мурињо реши својот медал да го фрли во публиката на фановите на Стемфорд Бриџ.

Португалецот сепак нема да го повтори овој фамозен потег, ’Специјалниот’ новиот медал ќе му го подари на неговиот 15 годишен син.

„Овој медал ќе го задржам. Мојот син сега ги собира сите мои работи” – рече Мурињо на денешната прес конференција. „Чува се”.

„Во 2006 беше многу млад. Сега сака да собира се”.

„Ми краде се” – прокоментира ’Специјалниот’ со насмевка на лицето. „ Медали, дресовии, трофеи...”