24фудбал

Анчелоти: Сакам да останам во Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека не знае каква е неговата иднина, но признава дека сака да остане на Сантијаго Бернабеу

Шпанија

Во последните неколку дена силно се шпекулира дека Италијанецот ќе замине од Реал Мадрид по крајот на сезоната.

’Кралевите’ не освоија ниту еден трофеј, па се најавуваат промени на Сантијаго Бернабеу.

Во пресрет на завршниот натпревар од Примера, Карло Анчелоти се појави на прес конференција, која медиумите ја опишаа како последна на стратегот.

Зборувајќи за својата иднина, Карло Анчелоти истакна дека сеуште ништо не е одлучено, и призна дека посакува да остане во Реал Мадрид.

„Не сум разговарал со клубот ниту пак клубот разговарал со мене” – рече тренерот на ’Кралевите’.

„Ќе бидам тренер на Реал Мадрид се додека лидерите на клубот не ми кажат нешто друго”.

„Во недела или понеделник ќе имаме средба на која ќе разговараме за иднината”.

„Доколку останам, тоа ќе биде фантастично, бидејќи мојата желба е да продолжам со Реал”.

„Доколку не останам, ќе се заблагодарам за двете години поминати тука”.