24фудбал

Фановите на Реал Мадрид го сакаат Клоп за нов тренер

Јирген Клоп е убедлив фаворит на фановите на Реал Мадрид за нов тренер на тимот, Рафа Бенитез е дури петти на листата.

Шпанија
Во анкета на шпанскиот весник Марка во која гласале 30.030 испитаници, фановите на Реал Мадрид дале јасно дознаење кој сакаат да биде нов тренер на тимот.
 
Прв на листата е Јирген Клоп со дури 44% од гласовите, на второто место е поранешниот мадридиста Мичел (Олимпијакос) со 14,7%, трет е Унаи Емери со 10,8%, четврти е Јоаким Лев со 9%.
 
Рафа Бенитез за кој најгласни се шпекулациите дека ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид е дури на петото место на листата на желби на фановите со само 8,9%, следува Зинедин Зидан со 7,4%.