24фудбал

ПСЖ со мега понуда од 125€ милиони за Роналдо

Според пишувањата на Marca, ’Светците’ се подготвени да платат рекордни 125 милиони евра за во своите редови да го донесат Кристијано Роналдо

Франција

Весникот вчера објави дека Кристијано Роналдо имал состанок со претседателот на Реал, Флорентино Перез, и му ставил до знаење дека е загрижен за својата иднина во клубот.

CR7 бил незадоволен од сезоната која ’Кралевите’ ја завршија без освоен трофеј, и барал да му бидат соопштени плановите за следната сезона.

Денешното издание на Marca ја продолжува вчерашната сторија, и пренесува дека ПСЖ е подготвен да плати рекордни 125 милиони евра за во своите редови да го донесе Кристијано Роналдо.

И покрај тоа што ’Светците’ имаат ограничен буџет поради кршење на правилата за финансиски фер плеј, првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи ќе стори се што може за да донесе играч од калибарот на Кристијано Роналдо.

Сепак, Marca вели дека во овој момент мали се шансите за комплетирање на зделката, Португалецот сака да продолжи во Реал Мадрид и во моментов не сака да слушне што има да понуди ПСЖ.

Флорентино Перез исто така не сака да остане без услугите на Кристијано Роналдо, верува дека играчот може да понуди барем уште две фантастични сезони.

Се очекува во скоро време да се добие појасна слика за иднината на напаѓачот.