24фудбал

Роџерс: Стерлинг останува во Ливерпул

Менаџерот на ’Црвените’, Брендан Роџерс очекува Рахим Стерлинг да остане на Енфилд и да ги одработи последните две години од договорот

Англија

Англичанецот, кој е обврзан кон Ливерпул до 2017, минатиот месец одби нов договор и неделна плата од 100 000 фунти, со што ја стави под знак прашалник својата иднина на Енфилд.

Денеска требаше Рахим Стерлинг да се сретне со лидерите на клубот, но состанокот е одложен, откако агентот на играчот вчера преку медиумите од ’Островото’ соопшти дека неговиот клиент нема да го продолжи договорот дури и ако му понудат неделна плата од 900 000 фунти.

Многумина веруваат дека се одбројани деновите на Рахим Стерлинг на Енфилд, но Брендан Роџерс очекува играчот да остане и да ги одработи последните две години од договорот.

„За мене е многу јасно” – рече менаџерот на Ливерпул на денешната прес конференција.

„Без разлика дали ќе бидат одржани преговори или нема, Рахим има уште две години од договорот и очекувам да ги одработи во целост”

„Од она што го гледам, не можам да кажам дека Рахим не е среќен”.

„Тој е младо момче кое добро се разви во последните три сезони и се надевам дека ќе продолжи да бележи прогрес тука”.